Tuesday, August 16, 2011

Регионален тим за математика и природните науки-Струмица 2011/12год

       Почитувани колеги наставници
Еве не на стартот од новата учебна година.
Преокупирани сме со изработка на квалитетни планирања, состаноци на стручните активи по предмети, планирање и организација на работниот простор, уредување на училниците во училиштата....
Анализираме,размислуваме,планираме, организираме-со еден збор,активно се подготвуваме за успешен почеток на учебната година, но и го трасираме патот на нашиот комплетен професионален ангажман во текот  на целата 2011/12 година.
   Заради квалитетно и успешно имплементирање  на целите на ПЕП-од компонентата Унапредување на наставата по математика и природната група предмети, ние-наставниците од училиштата во Струмица и околните населени места, од предметна настава,решивме да продолжиме со заедничка работа, поточно во РТУ за регион Струмица и околните општини.
     Како учесници во работата на состаноците на РТУ-од ПЕП компонентата за математика и природната група предмети, ја согледавме потребата од продолжување на ваквиот начин на работа, заради:
  • споделување на искуства,
  • заедничко планирање на активностите околу и за наставата,
  • координираност во квалитетното реализирање на активностите
  • организирање на отворени часови за колегите од другите училишта
  • планирање и реализација на часови надвор од училницата
  • изработка на чек листи, мисловни мапи, центри за учење....
  • изработка на едноставни манипулативи и нагледни средства
  • интензивна употреба на ИКТ во наставата -таму каде е можно и има потреба за тоа
  • изработка на проекти од одделни предмети
  • јавна презентација на истите пред пошироката локална средина.....
Можеби стои нескромно или предимензионирано во поглед на првичните нацрт планирања за работа,но ние можеме, знаеме и умееме замисленото добро да го планираме и реализираме, зашто имаме одлична предходна подготовка за тоа-ПЕП обуките и многубројните до сега реализирани часови.
Во мојот следен пост ќе ве информирам за изготвената програма за работа на РТУ-Струмица, а дотогаш...останете со добро здравје и имајте елан за работа и успеси, како нас.

Thursday, June 30, 2011

МАТЕМАТИКА СО РАЗМИСЛУВАЊЕ-20,28.06.2011год,Струмица
























Активностите, на работилниците од обуката Математика со размислување, со задоволство Ви предлагам да ги погледнете.......

МАТЕМАТИКА СО РАЗМИСЛУВАЊЕ-20,28.06.2011год,Струмица

            Зад мене е уште една комплетно и успешно завршена обука, од проектот МАТЕМАТИКА СО РАЗМИСЛУВАЊЕ во која вклучени беа наставници од одделенска настава, од 14 училишта од регион Југоисток.
        Поминавме 8 дена напорна работа, споделивме многу искуства и знаења од математиката и воопшто од нашата работа со учениците од 1-3 одделение.Знаењата и искуствата стекнати на оваа обука секој од наставниците ќе ги применува во секојдневното практикување и учење математика на редовните часови со своите ученици.
        Благодарам на Дом на Техника-за отстапениот простор за нормално одржување на оваа обука, на ТВ Интел кој медиумски не представи на Струмичката јавност и пошироко.
        И како што е ред упатувам голема и искрена благодарност на колегите наставници од одделенска настава кои учествуваа на обуката, за 100% присутност, ангажираност и мотивираност за работа на секоја од работилниците, за професионалниот однос кон севкупната работа на 8те сесии на обуката.
         Почитувани колеги наставници од одделенска настава, драги пријатели-останете со добро здравје и имајте пријатен летен одмор.
Прилогот на ТВ Интел снимен за и околу обуката ....

Sunday, June 12, 2011

Како беше на НАУК-Штип, 08.06.2011год.

 

Нашето учество на НАУК -Штип, 8.6.2011год, хронолошки ред на настаните:)))