Friday, January 17, 2014

Голема вистина



Што е потребно родителите навистина да сфатат?

За почеток, ние сме предавачи, едукатори, а не дадилки. Ние сме професионални едукатори кои работат со деца и секој ден го гледаат вашето дете во сосема различно светло од она што го гледате вие. Доколку ви дадеме совет, не се бунете. Прифатете го на истиот начин како што би прифатиле од еден доктор или адвокат. Навистина има премногу родители кои не сакаат да слушнат ништо негативно за сопствените деца, меѓутоа доколку навистина сакате промена, обидете се да го послушате нашиот совет. Верувајте ни! Некогаш, кога на родителите им кажувам дека нивното дете има проблем со однесувањето, можам да почувствувам како нивната коса се крева. Тие се и повеќе од подготвени да се борат и да го бранат своето дете, а тоа навистина уморува. Една од работите кои навистина ми оди на нерви е кога на некој родител ќе му кажам дека неговото/нејзиното дете направило нешто, а тој/таа се врти и му вели: „Вистина е ова?“. Секако дека е вистина, само што ви кажав! Ве молам престанете со било какви изговори Доколку навистина сакате да му помогнете на вашето дете да успее, престанете да барате изговори за него. Еднаш, додека разговарав со една мајка и нејзиниот син околу нивната домашна задача во текот на летото, кога тој ми кажа дека не ја ни започнал, а јас му реков дека сум навистина разочаран. Неговата мајка веднаш започна со изговорите дека било ужасно лето поради семејните проблеми што се случувале во јули. Јас реков дека ми е навистина жал, меѓутоа задачата беше дадена уште од мај. Таа веднаш на тоа додаде дека на нејзиното дете ѝ овозможило време за забава, па воопшто не е виновно што не започнало со домашното. Доколку не сакате вашето дете да заврши како 30 годишен невработен и мрзелив човек, тогаш престанете да давате изговори за него. Родители, бидете партнери наместо обвинители Во ред е вашето дете да биде некогаш во неволја. Токму така го гради неговиот карактер и учи важна животна лекција. Доколку на писмена добие 79 поени, не доаѓајте во канцеларија да барате 80, бидејќи заслужил79 без разлика на вашето мислење. Ова е можеби потешко за сфаќање меѓутоа немојте да мислите дека ако вашето дете добива чисти петки, тоа во исто време и добива добро образование. Многу лоши наставници лесно даваат убави оценки бидејќи знаат дека никој нема да ги замара. А тогаш родителите велат: „Моето дете има одличен наставник! Кај него сите ученици имаа петки!“. Обично најдобрите наставници се оние кои даваат најниски оценки затоа што подигнуваат некакви очекувања. И ве молам, бидете партнер наместо обвинител. Особено внимание за секоја постапка Постојано живееме во страв за тоа што ќе се случи следно. Живееме во општество и образовен систем во кое наставниците не смеат да имаат храброст, да бидат искрени и да го кажат мислењето. Доколку направат најмала грешка, може да стане вистинска катастрофа. Неодамна, мојата мајка ми раскажа случка од локалното училиште каде еден ученик кој своето лице го испишало со перманентен маркер. Наставничката се обидела да го избрише со крпа, и оставила црвенило на неговото лице. Родителот ова го објавил на медиумите, а наставничката ја загубила работата. „Дали ти се верува што направи таа наставничка?“ ми се обрати мојата мајка. Почувствував болка во стомакот. Искрено, да бев на нејзиното место и јас ќе се обидев да го извадам маркерот. Кога би помислиле дека за толку мало нешто, би можеле да ја изгубиме работата. Доколку вашето дете ви кажало нешто што се случило во училницата кое вас ве загрижува, обидете се да го решите на убав начин. Пристапете како пријател и објаснете што кажало вашето дете, меѓутоа дозволете и да ја слушнете и другата страна од приказната. Знаеме дека си ги сакате вашите деца. Всушност, и ние ги сакаме. Ние само ве молиме да ни верувате, да нè поддржувате и да работите со системот, а не против него. Родители! Потребно ни е да стоите зад нас, и потребно е да ни ја дадете почитта која ја заслужуваме. Направете да се чувствуваме ценети, а ние ќе работиме уште понапорно за на вашите деца да им овозможиме уште подобро образование!

Saturday, January 4, 2014

На крајот од првото полугодие

Дружење со многу смеа и математика-така помина нашата втора средба со учениците кои имаа најдобро изработена писмена работа.
Срекна Нова 2014 Година, многу здравје, професионални успеси и среќа...