Thursday, September 19, 2013

Тестови од првата подтема-Множества и операции со множества

За сите ученици и родители, едно мало потсетување на денешното тестирање.
На линкот се дадени сите 5 групи тестови. Проверете колку сте решиле и лоцирајте ги грешките кои сте ги направиле при решавањето за во иднина да не се повторат ;)

Тест од подтемата-множества и операции со множества

Tuesday, September 17, 2013

Тестирање на подтема-Множества и операции со множества

Стартуваме со мала писмена проверка на знаењата од подтемата -Множества и операции со множества. За успешна изработка на тестот,  можете да се подготвите со дополнително решавање задачи кои ќе ги најдете во:
1. Збирката задачи по математика за шесто одделение
2. Работни листови по математика за шесто одделение
3. Тест задачи дадени на крајот од првата тема во учебникот по математика за шесто одделение.

Збирка задачи по математика за шесто одделение
Работни листови по математика за шесто одделение
Учебник по математика за шесто одделение

Ви посакувам многу успех на тестирањето.

Моите шестоодделенци ;)

        Новата учебна година започна а со неа и нови обврски, нови ученици, ново одделенско раководство.....Некако се е во знакот на новото и новините...
Помина периодот на адаптација, запознавање со новите ученици, договарање за начинот на работа на часовите по математика. Се надевам дека учениците на кои предавам имаат слика за она што ги очекува посебно во делот на учење математика.
На сите мои ученици од шесто одделение им посакувам плодна и успешна учебна 2013/14 година, многу здравје и високи постигања во учењето.