Monday, December 24, 2012

Подготовка за контролна писмена работа по математика, за учениците од осмо одделение,Тема 2.

Предлог задачи за писмена работа по математика за осмо одделение

Tuesday, December 11, 2012

Учење математика преку изработка на калеидоскоп

КАЛЕИДОСКОП

             Драги мои,сигурно вие, кои ја следите мојата работа со учениците на часовите по математика, се запрашавте зошто постовите на мојот блог се разретчија..... Не е дека немавме време или пак желба да сработиме нешто квалитетно-налик на проектот ОРИГАМИ -УМЕТНОСТ И МАТЕМАТИКА, со кој пред точно 3 години го стартувавме пробивот во проектното учење математика и за кој имавме бројни пофалби и признанија. Едноставно-сакавме да бидеме препознатливи и јасно-први во реализацијата на идеите за малку поинакво учење математика.
                   И еве не повторно-со нов до сега можам слободно да кажам единствен од таков вид проект по математика,дело на учениците од сега веќе осмо одделение и од мене како нивен комплетен ментор. И овој пат користиме материјали кои се достапни на секого, ефтини и ги имаме во изобилство. Меѓутоа најважно од се е дека УЧИМЕ МАТЕМАТИКА.
                Преку изработка на различни видови калеидоскопи, учениците добиваат сознанија и ги утвруваат постоечките, за целокупната математика вткаена во нив! Откриваат, препознаваат, споредуваат, дополнуваат и што е најважно од се, размислуваат за и околу математичките поими и математичките движења, ги класифицираат, мерат, проценуваат....
          Нема да ви откривам повеќе.......едноставно погледнете што се случува на нашите работилници-Наук, осмо одделение.
Ова е само еден дел од нашата збирка.......следуваат уште многу за кои ќе ве известиме. до тогаш уживајте и учете математика:))

Ве поздравуваме -Гордана Андонова и одличните умни глави од осмо одд-НАУК-математика.

















Saturday, September 8, 2012

Честитки од Google :)

Google -Ни го честита празникот на Независноста на Република Македонија. Секоја чест!



СРЕКЕН ПРАЗНИК МАКЕДОНИЈО

Честит и вековит нека ни е празников-вечна да ни бидеш родино, Македонијо!!!
 
 
 

Tuesday, August 14, 2012

Мојата докторска дисертација, во билтенот на УКИМ.


Sunday, April 1, 2012

Презентации од извршените мерења за плоштина

На учениците од седмо одделение за домашна задача од моја страна им беше наложено да подготват презентација со која ќе ја објаснат постапката на мерење и откривање на  поимот за плоштина.
Проследете колку беа успешни.....

https://docs.google.com/presentation/d/12ZDVOXoi4yYJx3b8AHTUKI5IMNvn0ShIBRpKhWLwQYw/edit

https://docs.google.com/presentation/d/1gNkl5zulOs1D6GU-meyozpFACK_h9Qz-OHgIcKifKZY/edit

https://docs.google.com/presentation/d/1NhAA1muYn7-kaivq4AUhIZl6ZLHo6WBy8_OT7s8eYMg/edit#slide=id.p4

Thursday, March 29, 2012

Поим за плоштина-воведување на поимот за плоштина

        Наставната содржина-Поим за плоштина, по математика за учениците од седмо одделение, ја планирав и реализирав со учениците од седмо одделение на едноставен и интересен начин.
Еве како......
Активност:
Учениците се поделени во 4 хетерогени групи од по 5 ученици.
Секоја од групите има за задача да направи по три мерења на одредена површина.
Мерењата треба ше да се направат со помош на манипулативи, изработени од картон или колаж хартија со 5 различни формати на А4 форматот хартија.
Значи, секоја група требаше да изврши комплетно препокривање на одредената површина со помош на манипулативите.
Добиените податоци се запишаа во табела, а на крајот од часот се дојде и до целта-Откривање на општата формула за пресметување плоштина, како и до добивање јасна слика за тоа што е плоштина и која е разликата меѓу периметар на фигура и плоштина на фигура.
Погледнете во продолжение дел од направените фотографии каде е опишана постапката на мерење постапно.








Thursday, March 22, 2012

Меѓународен натпревар по математика-Кенгур 2012г

Во склоп на активностите на активот по математика при ООУ Сандо Масев-Струмица, денес со почеток во 11 часот, во просториите на училиштето се одржа натпреварот по математика КЕНГУР-2012.




Еве како беше......

Monday, March 12, 2012

Тестирање на подтема од -Агли во кружницата, тангентен и тетивен четириаголник, Талесова теорема

Monday, March 5, 2012

Сертификат за учество на Мајкрософт форумот за иновативни наставници, Скопје 2012г

Посебно драго признание иако физички не бев во можност да присуствувам на форумот во Скопје

Учество во заеднички проект од биологија и математика-ЕКО РЕЧНИК

На Мајкрософт форумот за иновативни наставници, денес05.03.2012г во Скопје, заедно со мојата колешка Слаѓана Стаменкова учествувавме со заеднички проект под наслов ЕКО РЕЧНИК.




Во продолжение низ слика доловете ја прекрасната атмосфера на форумот....

Thursday, February 16, 2012

Свечено затворање на ПЕП-проектот на УСАИД, х. Александар Палас-Скопје, 15.02.2012год

Беше чест да се биде дел од Тимот на ПЕП, но истовремено заложба и обврска да се продолжи со иновативните пристапи во учењето математика, зашто нашите дечиња тоа го заслужуваат.
Благодарам,  за несебичната подршка во спроведувањето на мојата замисла во комплетно реализиран проект по математика.
ОРИГАМИ-Уметност и математика, проект кој уште ќе трае и шири.
За сите Вас.....подарок од нас-членовите на Оригами дружината и од мене Гордана Андонова.






Wednesday, February 1, 2012

МАТЕМАТИКА СО ЛОГИКА- КУГЛАЊЕ СО МОНОМИ

Игрите во математиката заземаат важно место пред се  како активности на релаксација, брзо повторување или стекнување рутина во примената на основните математички операции.
Можат да се применуваат со ученици од сите возрасти и за речиси сите наставни содржини кои се планирани да се реализираат согласно програмата за работа.
Со учениците од седмо одделение на час по математика денес ја игравме играта куглање со мономи. Во продолжение проследете го редоследот на активностите на час по математика.:
Активност-Куглање со мономи
Учениците се распоредени во четири групи со ист број  ученици, на секоја од групите е дадена коцка за фрлање и работен лист на кој се испишани шест различни мономи.
Правилата за игра се следните:
На ниво на група се изведуваат три фрлања(може од еден ист ученик а може и од три различни ученици-по договор) и се запишуваат мономите под реден број како и добиените вредности при фралањето. Задачата за секоја група е: Учениците да се обидат да ги формираат сите можни збирови, разлики, производи и количници, употребувајќи ги само мономите кои се добиле во трите фрлања. Добиените алгебарски збирови, разлики....учениците ги запишуваат, а победник е онаа група ученици која за точно одредено време на игра ќе има најмногу формулирани и пресметани изрази со мономи.
Импресиите на учениците по завршувањето на часот беа позитивни, часот и не почуствуваа кога заврши, беа исполнети со тимски и натпреварувачки дух работејќи заедно и трудејќи се да бидат брзи и точни во формирањето и пресметувањето на различните изрази со мономи.
Активноста ја реализирав со учениците со цел повторување за операциите со мономи, што не значи дека истата игра не може да се примени и кај полиноми или комбинација со мономи.
Важно е за која цел и со кои ученици сакаме  да ја употребиме;)