КАЛЕИДОСКОП
Драги мои,сигурно вие, кои ја следите мојата работа со учениците на часовите по математика, се запрашавте зошто постовите на мојот блог се разретчија..... Не е дека немавме време или пак желба да сработиме нешто квалитетно-налик на проектот ОРИГАМИ -УМЕТНОСТ И МАТЕМАТИКА, со кој пред точно 3 години го стартувавме пробивот во проектното учење математика и за кој имавме бројни пофалби и признанија. Едноставно-сакавме да бидеме препознатливи и јасно-први во реализацијата на идеите за малку поинакво учење математика.
И еве не повторно-со нов до сега можам слободно да кажам единствен од таков вид проект по математика,дело на учениците од сега веќе осмо одделение и од мене како нивен комплетен ментор. И овој пат користиме материјали кои се достапни на секого, ефтини и ги имаме во изобилство. Меѓутоа најважно од се е дека УЧИМЕ МАТЕМАТИКА.
Преку изработка на различни видови калеидоскопи, учениците добиваат сознанија и ги утвруваат постоечките, за целокупната математика вткаена во нив! Откриваат, препознаваат, споредуваат, дополнуваат и што е најважно од се, размислуваат за и околу математичките поими и математичките движења, ги класифицираат, мерат, проценуваат....
Нема да ви откривам повеќе.......едноставно погледнете што се случува на нашите работилници-Наук, осмо одделение.
Ова е само еден дел од нашата збирка.......следуваат уште многу за кои ќе ве известиме. до тогаш уживајте и учете математика:))
Ве поздравуваме -Гордана Андонова и одличните умни глави од осмо одд-НАУК-математика.
No comments:
Post a Comment