Еве не на стартот од новата учебна година.
Преокупирани сме со изработка на квалитетни планирања, состаноци на стручните активи по предмети, планирање и организација на работниот простор, уредување на училниците во училиштата....
Анализираме,размислуваме,планираме, организираме-со еден збор,активно се подготвуваме за успешен почеток на учебната година, но и го трасираме патот на нашиот комплетен професионален ангажман во текот на целата 2011/12 година.
Заради квалитетно и успешно имплементирање на целите на ПЕП-од компонентата Унапредување на наставата по математика и природната група предмети, ние-наставниците од училиштата во Струмица и околните населени места, од предметна настава,решивме да продолжиме со заедничка работа, поточно во РТУ за регион Струмица и околните општини.
Како учесници во работата на состаноците на РТУ-од ПЕП компонентата за математика и природната група предмети, ја согледавме потребата од продолжување на ваквиот начин на работа, заради:
- споделување на искуства,
- заедничко планирање на активностите околу и за наставата,
- координираност во квалитетното реализирање на активностите
- организирање на отворени часови за колегите од другите училишта
- планирање и реализација на часови надвор од училницата
- изработка на чек листи, мисловни мапи, центри за учење....
- изработка на едноставни манипулативи и нагледни средства
- интензивна употреба на ИКТ во наставата -таму каде е можно и има потреба за тоа
- изработка на проекти од одделни предмети
- јавна презентација на истите пред пошироката локална средина.....
Можеби стои нескромно или предимензионирано во поглед на првичните нацрт планирања за работа,но ние можеме, знаеме и умееме замисленото добро да го планираме и реализираме, зашто имаме одлична предходна подготовка за тоа-ПЕП обуките и многубројните до сега реализирани часови.
Во мојот следен пост ќе ве информирам за изготвената програма за работа на РТУ-Струмица, а дотогаш...останете со добро здравје и имајте елан за работа и успеси, како нас.
2 comments:
Здраво,
Простете ако ја промашувам темата и местото, но, има ли можност родители да побараат објаснувања кога ќе приметат грешни или нелогични дефиниции во учебниците по математика? Секоја чест и почит кон авторите, но и авторите и рецензнетите можат да згрешат, а ние родителите несакаме нашите деца да проголтаат нејаснотии. Мислам дека ме разбирате.
Честитки за блогот.
Златко
PS. Се работи за дефинициите за подмножество и вистинско подмножество на страна 10 од учебникот по Математика за 6 одделение од деветгодишно образование. Автори: Јово Стефановски и Наум Целакоски.
Zlatko,
I jas sum roditel na dete od 6-to oddelenie. Bi te zamolil da pojasnis kade e greskata. Ja preprocitav 10-tata strana nekolkupati, ama ne mozam da ja najdam greskata. Te molam za pojasnuvanje.
Post a Comment