Подготовка за контролна писмена работа по математика, за учениците од осмо одделение,Тема 2.
Предлог задачи за писмена работа по математика за осмо одделение
Овој блог е место каде моите колеги наставници по математика, ученици,родители и сите вљубеници во математиката ќе можат да ги изнесуваат слободно своите идеи, мислења и споделуваат искуства околу нам заеднички теми.
Monday, December 24, 2012
Tuesday, December 11, 2012
Учење математика преку изработка на калеидоскоп
КАЛЕИДОСКОП
Драги мои,сигурно вие, кои ја следите мојата работа со учениците на часовите по математика, се запрашавте зошто постовите на мојот блог се разретчија..... Не е дека немавме време или пак желба да сработиме нешто квалитетно-налик на проектот ОРИГАМИ -УМЕТНОСТ И МАТЕМАТИКА, со кој пред точно 3 години го стартувавме пробивот во проектното учење математика и за кој имавме бројни пофалби и признанија. Едноставно-сакавме да бидеме препознатливи и јасно-први во реализацијата на идеите за малку поинакво учење математика.
И еве не повторно-со нов до сега можам слободно да кажам единствен од таков вид проект по математика,дело на учениците од сега веќе осмо одделение и од мене како нивен комплетен ментор. И овој пат користиме материјали кои се достапни на секого, ефтини и ги имаме во изобилство. Меѓутоа најважно од се е дека УЧИМЕ МАТЕМАТИКА.
Преку изработка на различни видови калеидоскопи, учениците добиваат сознанија и ги утвруваат постоечките, за целокупната математика вткаена во нив! Откриваат, препознаваат, споредуваат, дополнуваат и што е најважно од се, размислуваат за и околу математичките поими и математичките движења, ги класифицираат, мерат, проценуваат....
Нема да ви откривам повеќе.......едноставно погледнете што се случува на нашите работилници-Наук, осмо одделение.
Ова е само еден дел од нашата збирка.......следуваат уште многу за кои ќе ве известиме. до тогаш уживајте и учете математика:))
Ве поздравуваме -Гордана Андонова и одличните умни глави од осмо одд-НАУК-математика.
Subscribe to:
Posts (Atom)