Во Домот на Народна Техника, со почеток во 17 часот се одржа состанок на наставниците по математика од првата група училишта, вклучени во ПЕП проектот за основно образование, од компонентата Унапредување на наставата по математика и природната група предмети.
Во работна и релаксирана атмосфера, преку споделување искуства и мислења, се дискутираа, образложуваа, појаснуваа и јасно-оценуваа примерите на реализираните часови од страна на наставниците учесници.
Ако на првиот состанок на РТУ-во ноември 2010год, стартувавме несигурно и со двоумење-како да ги примениме Учењето математика преку проблеми и проекти, денес на состанокот веќе презентиравме готови продукти-реализирани часови по математика, во кои акцентот е даден на имплементацијата на проблемскиот и проектниот пристап на учење математика.
Расчистивме многу дилеми со кои се среќававме во текот на реализацијата на планираните проектни активности.Побогати сме со уште едно искуство повеќе, благодарение на нашето тимско работење, несебично помагање и координирање.
Во продолжение,еве дел од атмосферата на состанокот на РТУ.
1 comment:
Состанокот беше многу корисен за нас,наставниците.Со задоволство ги разменивме нашите искуства,со еден збор беше ПРЕКРАСНО !!! ....:)))
Post a Comment