Во оваа трето тромесечие од учебната 2010/11 година, комплетно е обработена Тема 3. Цели и рационални броеви,со учениците од шесто одделение по предметот математика.
И како на секој крај на темата, така и сега ги средуваме знаењата со кои се стекнаа учениците во изминатиот период, се лоцираат јаките и слабите страни во разбирањето и примената на научените факти од поедини наставни единици,се врши целосно или делумно поврзување на наученото со примери од околината или со одредени наставни предмети-јасно доколку има основа и можност за тоа.
Учениците покажаа висок степен на тимско работење-рефлектирано преку работата во тимови,хетерогени групи од по 4-5 ученика,култура на комуникација,толеранција и почитување на различните мислења на своите соученици, знаење и умешност во самооценувањето и проценувањето на сопствените постигања и знаења од темата, оценување во парови, оценување во група и меѓу групите, како и оценување на работата на часот преку изготвување и пополнување на евалуациони листи.
И тоа не е се.....
Секогаш постои онаа...а што ако беше?....можеше ли поинаку?.....барем јас така се анализирам себеси.
И еве што како Активност на еден училишен час, реализирав заедно со моите ученици:
Активност: Избор на задачи и подготовка на модел тематски тест
Организација на часот: Учениците се делат на 3-4 групи, зависно нивниот број во одделението и им се соопштува фронтално на сите групи активноста која е предвидена за реализација на часот.Во продолжение им се соопштуваат целите кои треба да се постигнат на часот.
Учениците можат да користат учебник, збирка задачи, работни листови по математика, дозволено е да употребат и сопствена имагинација и умешност во изборот, зборовната формулација и барањата на одбраните задачи кои ќе бидат ставени на предлог тестот.Предлог моделите на тематските тестови беа направени во Word документ.
Како активност за домашна работа беше изработка на PP презентација од веќе постојниот Word документ.
Резултатите и изработките на учениците, ми послужија за репер на мојот избор на задачи за тематски тест. Впрочем тоа беше и главната цел, која поставив пред себе, а истовремено и одговор на мојата дилема како наставник-Дали задачите од тестот се тешки или пак лесни за решавање на учениците?
Од реализираната активност -еден вид истражување, констатирав дека учениците на возраст од 11 год можат да разликуваат задачи по тежински нивои на когнитивно барање-што е повеќе од успех,во откривање на целите заради кои се решава дадена задача, како за мене како наставник така и за нив како ученици.