Слушајќи секојдневно на телевизија, дома, во училиштето....за правилно и рационално трошење на водата, дојдовме на идеја-ние учениците од 6в одделение при ООУ Сандо Масев-Струмица, да изработиме проект по математика со работен наслов-прашање Дали и колку трошиме вода залудно во училиштето?
Проектот го работевме неполни три недели во месец Декември 2010г.
Распоредени бевме во 4 тима од по 7 ученика и извршивме по три мерења на секое мерно место. Обработените податоци од мерењето ги претставивме табеларно. Конечните резултати од мерењата беа поразителни!!! Станува збор за големо количество вода кое неискористено се губи секојдневно.
Мерењата ќе ги повториме и во месец Мај 2011год со цел да ја определиме разликата во потрошувачката на вода во зимните и летните месеци.
Како и да е, овие резултати покажуваат дека треба да се реагира брзо и сега, со заедничка заложба на сите од училиштето.
Да не дозволиме водата и понатаму да се троши залудно.
Тим 1. https://docs.google.com/?authuser=0#home
Тим 2. https://docs.google.com/present/edit?id=0ASnydsEhMG6lZGNmc3I3enJfMzQ0Y2tweHZrZzU&hl=en
Тим 3. https://docs.google.com/present/edit?id=0ASnydsEhMG6lZGNmc3I3enJfMzI0YzliejJkeHM&hl=en
Тим 4. https://docs.google.com/present/edit?id=0ASnydsEhMG6lZGNmc3I3enJfMzI1ZGY5ZG02Z2o&hl=en
2 comments:
Изработката е добра браво
МНОГУ Е ДОБРА ИЗРАБОТКАТА
Post a Comment