Wednesday, February 23, 2011

Решавање проблем: Дали секогаш поголемиот периметар на дадена фигура, подразбира и поголема плоштина?

Во текот на месец ноември 2011год, на часовите од додатна настава, со учениците од 6б одд при ООУ Сандо Масев-Струмица, работевме на решавање на проблемот:
Дали секогаш поголемиот периметар на геометриска фигура подразбира и нејзина поголема плоштина?
Нашите размислувања и решенија до кои дојдовме, ви ги  представуваме со линкот подолу.

Појаснување:
Размислувањата и идејата за истражување на овој проблем-е пред се согласно наставниот материјал, знаењата и возраста на учениците. Станува збор за проблем за 6 одд и извршена визуелна споредба-зависност на периметар на фигура и плоштина на истата.


https://docs.google.com/present/edit?id=0ASnydsEhMG6lZGNmc3I3enJfMzU2ZDRtZ3h3ZjI&hl=en


Презентациите ги подготвија ученичките: Вероника Поповска и Верче Стоилкова од 6б одд.

Дали трошиме вода залудно во училиштето?

Слушајќи секојдневно на телевизија, дома, во училиштето....за правилно и рационално трошење на водата, дојдовме на идеја-ние учениците од 6в одделение при ООУ Сандо Масев-Струмица, да изработиме проект по математика со работен наслов-прашање Дали и колку трошиме вода залудно во училиштето?
Проектот го работевме неполни три недели во месец Декември 2010г.
Распоредени бевме во 4 тима од по 7 ученика и извршивме по  три мерења на секое мерно место. Обработените податоци од мерењето ги претставивме табеларно. Конечните резултати од мерењата беа поразителни!!! Станува збор за големо количество вода кое неискористено се губи секојдневно.

Мерењата ќе ги повториме и во месец Мај 2011год со цел да ја определиме разликата во потрошувачката на вода во зимните и летните месеци.
Како и да е, овие резултати покажуваат дека треба да се реагира брзо и сега, со заедничка заложба на сите од училиштето.
Да не дозволиме водата и понатаму да се троши залудно.

Тим 1.     https://docs.google.com/?authuser=0#home 


Тим 2.         https://docs.google.com/present/edit?id=0ASnydsEhMG6lZGNmc3I3enJfMzQ0Y2tweHZrZzU&hl=en


Тим 3.  https://docs.google.com/present/edit?id=0ASnydsEhMG6lZGNmc3I3enJfMzI0YzliejJkeHM&hl=en


Тим 4. https://docs.google.com/present/edit?id=0ASnydsEhMG6lZGNmc3I3enJfMzI1ZGY5ZG02Z2o&hl=en

Tuesday, February 22, 2011

Проекти во математиката-Садење садници во училишниот двор

Во продолжение проследете ги и останатите делови од проектот-Садење садници, од Тим 2 и Тим 3.


https://docs.google.com/present/edit?id=0ASnydsEhMG6lZGNmc3I3enJfMjgzZ2hqZGZuZG4&hl=en
Презентацијата е изработена од Кристина Комарова  од 6а одд, ООУ Сандо Масев-Струмица

Презентацијата која следува е дело на Елена Стојкова од 6а одд, ООУ Сандо Масев-Струмица

https://docs.google.com/viewer?a=v&pid=explorer&chrome=true&srcid=0BynydsEhMG6lMjgyNGQ5NmUtMzkwYS00YTg1LTg0OTItYmViZDljMWQyYzIy&hl=en

`Садење садници на секои 5 м2 дворна површина`

Овој проект по математика е изработен од страна на учениците од 6а одд-поточно оваа е дело на Тим 1, а за убавата презентација се погрижи Лиљана Георгиева од 6а одд.
Ве покануваме, да проследите...

https://docs.google.com/present/edit?id=0ASnydsEhMG6lZGNmc3I3enJfMjk5ZGtwbjk0Y2Y&hl=en

Tuesday, February 15, 2011

Проект: Изработка на плико од А3 формат хартија

Учениците од 6д одд, при ООУ Сандо Масев-Струмица, го проширија проектот за изработка на плико и за А3 формат хартија.
Презентацијата која во продолжение следува е дело на Александар Цамбулев-6д одд.
Проследете..


https://docs.google.com/present/view?id=dcfsr7zr_94dszffmcx

Monday, February 7, 2011

MATEMATIKA: Проект-Изработка на плико од А4 формат,со најмал о...

MATEMATIKA: Проект-Изработка на плико од А4 формат,со најмал о...: "Проблем: Можеме ли да направиме плико од А4 формат хартија, при тоа правејќи најмал отпад? Идејата за поставување и решавање на ваков пробле..."

Проект-Изработка на плико од А4 формат,со најмал отпад при изработката

Проблем:
Можеме ли да направиме плико од А4 формат хартија, при тоа правејќи најмал отпад?

Идејата за поставување и решавање на ваков проблем беше поттикната од празничното расположение и празнување кое допрва доаѓаше, а со тоа и праќањето новогодишни честитки.
Си поставивме една заедничка цел пред себе:
Можеме ли и колку ќе успееме да создадеме плико-да го обмислиме, организираме и направиме, за честитка од стандарден облик и стандардни димензии?
Пред себе имавме хартија од А4 формат и...предизвикот е пред нас:))

Во решавањето на овој проблем  се вклучија сите ученици и во една пријатна за работа и релаксирана атмосфера, преку користење на знаењата кои ги имаат не само од математика туку и од ОТП, успееја да откријат,создадат и презентираат интересни решенија.
Во продолжение ви предлагаме да погледнете еден дел од нив....


https://docs.google.com/present/edit?id=0ASnydsEhMG6lZGNmc3I3enJfNDhkOTRuN3Fkbg&hl=en

Проекти во математиката

    За многумина -Проектите во математиката, се на прв поглед чудни и на моменти збунувачки.Посебно во смисла на тоа што и какви се тие проекти?-која е користа од нив...или едноставно кажано....ех па уште тоа недостасуваше по математика.
     Како и да е, се согласувам дека секој може и има право да размислува согласно своите гледишта и компетенции за воведувањето и изработката на проекти по математика.
Добредојдени се сите коментари и забелешки упатени на оваа тема, но очекуваме и сугестии а посебно конструктивни предлози околу правилно и целосно реализирање на идејата-да се воведуваат колку што е можно повеќе и поквалитетно, проектите и учењето преку проекти во наставата по математика.
На секој старт има отпор-и тоа е добро и е во ред.
Кон секоја новина на почетокот од нејзиното воведување има страв,скептичност и недоверба-и тоа е во ред и е добро.
Стартував со проектните активности на моите часови по математика без страв дека нема да успеам и без отпор од моите соработници-моите ученици.
Отпорот, недовербата и скептичните коментари и забелешки беа од некои други.....некои кои не ја знаат суштината и едноставноста во  учењето математика.
Не се оптоваруваме со нив и нема да ве оптоваруваме и вас.
Сакаме да ви покажеме дека во математиката ништо не е тешко и несватливо-единствено треба да се најде вистинскиот пат и одбере добриот пријател-наставник,поучувач.
Бидете наши пријатели за учење математика и споделете ја со нас вашата пракса или мислење околу проектите по математика.
Ве очекуваме да ни се придружите и искрено Ве поздравуваме.