Tuesday, November 15, 2011

Математика со размислување

     Во организација на МЦГО и Бирото за развој на образованието при МОН на Р Македонија, од 14 до 16ти Ноември во х.Метропол-Охрид се одржува ОБУКА ЗА МЕНТОРСКИ ВЕШТИНИ за програмата на УНИЦЕФ за математичка и јазична писменост.
На сесиите од обуката планирани се активности во кои се обработуваат теми од делот на :

1. Улогите на наставникот ментор
2. Современи приоди при менторирањето
3. Вештини и особини на наставникот ментор
кои во многу ќе придонесат кон развивање и подобрување на  менторските вештини, знаења и способности, во функција на квалитетно и ефективно менторирање на наставници.
Еве еден мал дел од работната атмосфера на првиот ден од обуката за менторски вештини.





Wednesday, November 9, 2011

Бабини игри

         Голема поддршка и уште поголеми честитки за успешната презентација на македонското образование.
         Амбасадорите на Македонија и нејзини најдобри промотори во доменот на едукацијата на младите.
 Бабините игри -нешто старо а ново, вредно и интересно да се погледне, да се игра и низ игра да се научи!!

БАБИНИ ИГРИ

Tuesday, November 1, 2011

Нешто интересно и корисно

          Драги ученици на линковите што следуваат подолу ви се дадени предлог задачи за вежбање, од досега ученото по математика. Следете ги упатствата и работете како што се договоривме на редовните часови. Поздрав и успешно учење математика:)

Приоритет на операција
Краток квиз
Поголемо, помало или еднакво????
Запиши ги броевите
Пресметај
Степени од децимални броеви

Friday, September 30, 2011

Материјали за дисеминација на проектот -Математика со размислување

Почитувани колеги наставници во одделенска настава. Ве известувам дека на линковите кои следуваат, Ви се дадени презентациите по кои ќе се раководите на дисеминациите кои ќе ги одржите во вашите училишта.
Можете слободно да ме контактирате доколку се појави некој проблем или нејаснотија:))
Имајте успешна дисеминација.

http://www.sendspace.com/file/quhzkv
http://www.sendspace.com/file/djcm2a
http://www.sendspace.com/file/it4f15
http://www.sendspace.com/file/3uo8w6
http://www.sendspace.com/file/mqwtpw
http://www.sendspace.com/file/vy5ulo
http://www.sendspace.com/file/30exnz
http://www.sendspace.com/file/5tpfi8
http://www.sendspace.com/file/wmwi6b
http://www.sendspace.com/file/4sz0cb
http://www.sendspace.com/file/f62jtf
http://www.sendspace.com/file/9pzpu8

Tuesday, September 27, 2011

Векторите околу нас

Со поимот вектори, учениците од седмо одделение се среќаваат прв пат во изучувањето математика. Но тоа не е пречка правилно да го идентификуваат и претставуваат поимот -поготово кога е во прашање истражување и идентификација на поимот во околната средина.
Колку успеаа погледнете сами....

Идентификација и претставување на вектори од најблиската околина


Собирање на вектори