Sunday, June 12, 2011

Како беше на НАУК-Штип, 08.06.2011год.

 

Нашето учество на НАУК -Штип, 8.6.2011год, хронолошки ред на настаните:)))

Thursday, June 9, 2011

НАУК-Штип, 08.06.2011год

НАУК од шесто и осмо  одделение при ООУ Сандо Масев, под водство на професор Гордана Андонова и наставник Драгица Пецева, во Штип на ден 08.06.2011год, се претставија со три проекти:
1. Од точка, преку права и отсечка до геометриско тело
2. ОРИГАМИ-уметност и математика
3. Визуелна промена и споредба на волуменот на тело
Интерсот за нашите проекти беше голем, со оглед на фактот што сите учесници па и жири комисијата беа видливо изненадени од бројот на изработените продукти, начинот на презентирањето на нашите ученици,какои од подготвеноста на учениците да одговорат на секое прашање на присутните.
Во прекрасна атмосфера која само може да се почувствува, доколку се учествува на НАУК смотрите, работевме, се дружевме, запознавме нови млади „научници„, споделивме многу позитивни искуства со колегите и дознавме уште една придобивка од имплементацијата на ПЕП-УСАИД во учењето: Учењето преку проекти е секогаш успешно и резултира со успех кој е видлив, висок и траен.
Посебно ми е драго што проектот ОРИГАМИ  е НАШ БРЕНД-заштитен знак по кој сите не препознаваа или пак од сега ќе не препознаваат.
Заминавме од Штип, полни со позитивно искуство, знаење и елан за понатамошно успешно учење математика преку проекти.
Но....колку и да се зборува нема да можам целосно да го доловам чувството да се биде дел од Тимот на НАУК.
Затоа Ве поканувам заеднички да тргнете со нас......
ПАТУВАЈТЕ СО НАС ВО СВЕТОТ НА ОРИГАМИТЕ








Tuesday, May 31, 2011

Математика со размислување

Математика со размислување е проект поддржан од БРО, УНИЦЕФ и МЦГО, за унапредување на наставата по математика, за учениците од прво до трето одделение во деветгодишно образование.
Има за цел, да ја приближи математиката до најмладите, да го поттикне учењето математика преку размислување,игра, користење на манипулативи, да го развие и подигне нивото на математичкото размислување кај најмладите ученици.
Еден дел од евалуацијата на  часовите по математика организирани во склоп на овој проект, е и часот за кој подготвив  видео, кое предлагам да го погледнете.
Часот е снимен со  учениците од прво б одделение при ООУ Сандо Масев-Струмица, со наставничката од одделенска настава Силвана Абрашева, под наслов`Нестандардни мерки за мерење`.

Thursday, May 26, 2011

Резултати од меѓународниот натпревар по математика КЕНГУР-2011год.

Честитки до наградените ученици од ООУ Сандо Масев-шесто одделение, на натпреварот Кенгур:))))

Честитки до Цветанка Манчева 6в, Даниела Митрова 6в и Ангела Манчева 6д одд.
На останатите учесници кои не освоија награда им посакувам повеќе успех следната година.