Овој блог е место каде моите колеги наставници по математика, ученици,родители и сите вљубеници во математиката ќе можат да ги изнесуваат слободно своите идеи, мислења и споделуваат искуства околу нам заеднички теми.
Sunday, February 19, 2012
Thursday, February 16, 2012
Свечено затворање на ПЕП-проектот на УСАИД, х. Александар Палас-Скопје, 15.02.2012год
Беше чест да се биде дел од Тимот на ПЕП, но истовремено заложба и обврска да се продолжи со иновативните пристапи во учењето математика, зашто нашите дечиња тоа го заслужуваат.
Благодарам, за несебичната подршка во спроведувањето на мојата замисла во комплетно реализиран проект по математика.
ОРИГАМИ-Уметност и математика, проект кој уште ќе трае и шири.
За сите Вас.....подарок од нас-членовите на Оригами дружината и од мене Гордана Андонова.
Tuesday, February 14, 2012
Wednesday, February 1, 2012
МАТЕМАТИКА СО ЛОГИКА- КУГЛАЊЕ СО МОНОМИ
Игрите во математиката заземаат важно место пред се како активности на релаксација, брзо повторување или стекнување рутина во примената на основните математички операции.
Можат да се применуваат со ученици од сите возрасти и за речиси сите наставни содржини кои се планирани да се реализираат согласно програмата за работа.
Со учениците од седмо одделение на час по математика денес ја игравме играта куглање со мономи. Во продолжение проследете го редоследот на активностите на час по математика.:
Активност-Куглање со мономи
Учениците се распоредени во четири групи со ист број ученици, на секоја од групите е дадена коцка за фрлање и работен лист на кој се испишани шест различни мономи.
Правилата за игра се следните:
На ниво на група се изведуваат три фрлања(може од еден ист ученик а може и од три различни ученици-по договор) и се запишуваат мономите под реден број како и добиените вредности при фралањето. Задачата за секоја група е: Учениците да се обидат да ги формираат сите можни збирови, разлики, производи и количници, употребувајќи ги само мономите кои се добиле во трите фрлања. Добиените алгебарски збирови, разлики....учениците ги запишуваат, а победник е онаа група ученици која за точно одредено време на игра ќе има најмногу формулирани и пресметани изрази со мономи.
Импресиите на учениците по завршувањето на часот беа позитивни, часот и не почуствуваа кога заврши, беа исполнети со тимски и натпреварувачки дух работејќи заедно и трудејќи се да бидат брзи и точни во формирањето и пресметувањето на различните изрази со мономи.
Активноста ја реализирав со учениците со цел повторување за операциите со мономи, што не значи дека истата игра не може да се примени и кај полиноми или комбинација со мономи.
Важно е за која цел и со кои ученици сакаме да ја употребиме;)

Subscribe to:
Posts (Atom)