Friday, November 18, 2011

Изработка на манипулативи

Активноста на часот по математика,прикажана на фотографиите кои следуваат е изработка на манипулативи кои ќе помогнат во воведувањето на поимот  моном. На првиот дел од планираната активност,учениците поделени во 4 групи изработуваа манипулативи од хамер хартија. Цртаа,сечеа и подредуваа,формираа шема,обележуваа цифри и знаци за математички операции. Сигурно се прашувате-па не е ли тоа премногу едноставна активност за ученици од седмо одделение?
Веднаш да ви одговорам-Не. Затоа што при изработката на манипулативите учениците повторуваа, ги освежуваа помалку подзаборавените знаења од математика,како на пр.:
-повлекување на паралелни прави
-делење во даден однос
-разликуваа цифра од број.....
Изработените манипулативи-картички со цифри, променливи, знаци за операции ќе ги употребиме на следниот час по математика. Тогаш ќе ги преместуваме,додаваме и групираме поединечно картичките и така ќе ги откриваме мономите и нивните делови.
До следниот пост,погледнете што работевме денес....







1 comment:

Anonymous said...

Ови манипулативи многу ни помагаат во обработката на нова лекција на цасовите по математика...

Александар Цамбулев VIд одд.