Thursday, March 24, 2011

Натпревар -КЕНГУР,2011год

Денес во нашето училиште се одржа Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР, на кој учество земаа 118 ученици од 3 до 8 одделение. Благодарение на одличната организација, од страна на наставниците по математика и колегите од одделенска настава, натпреварот се реализира, без никакви потешкотии и во една пријатна и релаксирана атмосфера за работа.
Професионалниот однос на колегите наставници и овој пат не изостана, од моментот на планирање и пријава за учество-па се доконечна релизација на натпреварот.
Посебно сакам да истакнам дека оваа година за прв пат учеството на КЕНГУР е толку масовно, што се должи на се поголемото приближување на математиката до учениците.
На сите учесници им посакувам многу успех и многу освоени награди.

П.С.
Еве како беше на натпреварот.
https://picasaweb.google.com/117135701987759604634/MATEMATA?feat=directlink

3 comments:

Драгица Пецева said...

ОДЛИЧНО ОРГАНИЗИРАН НАТПРЕВАР ! ВИ ПОЖЕЛУВАМ УСПЕСИ, :))

Anonymous said...

Овој натпревар го очекувам уште од минатата година кога заврши истиот!
Многу е забавно кога ги решаваш задачите на КЕНГУР.



Александар Цамбулев!

pepa said...
This comment has been removed by the author.