Tuesday, September 17, 2013

Моите шестоодделенци ;)

        Новата учебна година започна а со неа и нови обврски, нови ученици, ново одделенско раководство.....Некако се е во знакот на новото и новините...
Помина периодот на адаптација, запознавање со новите ученици, договарање за начинот на работа на часовите по математика. Се надевам дека учениците на кои предавам имаат слика за она што ги очекува посебно во делот на учење математика.
На сите мои ученици од шесто одделение им посакувам плодна и успешна учебна 2013/14 година, многу здравје и високи постигања во учењето.

No comments: