Wednesday, February 1, 2012

МАТЕМАТИКА СО ЛОГИКА- КУГЛАЊЕ СО МОНОМИ

Игрите во математиката заземаат важно место пред се  како активности на релаксација, брзо повторување или стекнување рутина во примената на основните математички операции.
Можат да се применуваат со ученици од сите возрасти и за речиси сите наставни содржини кои се планирани да се реализираат согласно програмата за работа.
Со учениците од седмо одделение на час по математика денес ја игравме играта куглање со мономи. Во продолжение проследете го редоследот на активностите на час по математика.:
Активност-Куглање со мономи
Учениците се распоредени во четири групи со ист број  ученици, на секоја од групите е дадена коцка за фрлање и работен лист на кој се испишани шест различни мономи.
Правилата за игра се следните:
На ниво на група се изведуваат три фрлања(може од еден ист ученик а може и од три различни ученици-по договор) и се запишуваат мономите под реден број како и добиените вредности при фралањето. Задачата за секоја група е: Учениците да се обидат да ги формираат сите можни збирови, разлики, производи и количници, употребувајќи ги само мономите кои се добиле во трите фрлања. Добиените алгебарски збирови, разлики....учениците ги запишуваат, а победник е онаа група ученици која за точно одредено време на игра ќе има најмногу формулирани и пресметани изрази со мономи.
Импресиите на учениците по завршувањето на часот беа позитивни, часот и не почуствуваа кога заврши, беа исполнети со тимски и натпреварувачки дух работејќи заедно и трудејќи се да бидат брзи и точни во формирањето и пресметувањето на различните изрази со мономи.
Активноста ја реализирав со учениците со цел повторување за операциите со мономи, што не значи дека истата игра не може да се примени и кај полиноми или комбинација со мономи.
Важно е за која цел и со кои ученици сакаме  да ја употребиме;)






5 comments:

Elena said...

Часовите по математика секогаш се забавни

Georgieva said...

како и секогаш, оригинални и забавни идеи за часовите по математика!

Anonymous said...

убаво како и секогаш и супер час е математика забавен и добри идеи..

Anonymous said...

Многу е забавно кога работиме по математика..

Anonymous said...

секогаш часовите по математика се многу забавни и поучни браво за наставничката има многу добрии и интересни исто така и забавни идеии