Tuesday, November 15, 2011

Математика со размислување

     Во организација на МЦГО и Бирото за развој на образованието при МОН на Р Македонија, од 14 до 16ти Ноември во х.Метропол-Охрид се одржува ОБУКА ЗА МЕНТОРСКИ ВЕШТИНИ за програмата на УНИЦЕФ за математичка и јазична писменост.
На сесиите од обуката планирани се активности во кои се обработуваат теми од делот на :

1. Улогите на наставникот ментор
2. Современи приоди при менторирањето
3. Вештини и особини на наставникот ментор
кои во многу ќе придонесат кон развивање и подобрување на  менторските вештини, знаења и способности, во функција на квалитетно и ефективно менторирање на наставници.
Еве еден мал дел од работната атмосфера на првиот ден од обуката за менторски вештини.





2 comments:

Anonymous said...

Одлична обука. Интересно но до нас наставници информациите доаѓат откако ќе се случат сите настани. Како и кога биле избрани тие наставници никој не знае да објасни. Ние тие обуки ќе ги посетиме ако стасат до нашите училишта.
Зошто пријавувањето и аплицирањето не е јавно за сите, ако треба нека не тестират?

Гордана Андонова said...

Почитуван колега,драго ми е што ви се допаѓа обуката Математика со размислување.Чувствувам потреба да ви одговорам а со тоа и да ставам крај на вашата дилема околу начинот на избор на обучувани од програмата на УНИЦЕФ-Математика со размислување.
1. Воопшто не е точно дека пријавувањето и аплицирањето за обучувач на оваа програма не било јавно и транспарентно! Имено-конкурсот за пријавување на обучувачи од оваа програма беше објавен во весникот Дневник,од каде и јас се информирав и писмено аплицирав!!!
2. Потребните документи за пријава за обучувач беа испратени до БРО при МОН.
3. Очигледно не сте прашале на вистинското место или пак сте избрале погрешни луѓе за да ве информираат-па сте останале оскудно информирани.
Времето на подбутнување, дошепнување,форсирање на пријателска основа и уфрлување во обуки полека одминува. Заради ваше навремено информирање и подем во професионалниот развој, ве советувам почесто да се информирате од јавните гласила, интернет сајтовите на БРО,МОН...
Квалитетот полека но сигурно почнува да добива на цена. Не се обесхрабрувајте. Поздрав:)