Monday, February 7, 2011

Проекти во математиката

    За многумина -Проектите во математиката, се на прв поглед чудни и на моменти збунувачки.Посебно во смисла на тоа што и какви се тие проекти?-која е користа од нив...или едноставно кажано....ех па уште тоа недостасуваше по математика.
     Како и да е, се согласувам дека секој може и има право да размислува согласно своите гледишта и компетенции за воведувањето и изработката на проекти по математика.
Добредојдени се сите коментари и забелешки упатени на оваа тема, но очекуваме и сугестии а посебно конструктивни предлози околу правилно и целосно реализирање на идејата-да се воведуваат колку што е можно повеќе и поквалитетно, проектите и учењето преку проекти во наставата по математика.
На секој старт има отпор-и тоа е добро и е во ред.
Кон секоја новина на почетокот од нејзиното воведување има страв,скептичност и недоверба-и тоа е во ред и е добро.
Стартував со проектните активности на моите часови по математика без страв дека нема да успеам и без отпор од моите соработници-моите ученици.
Отпорот, недовербата и скептичните коментари и забелешки беа од некои други.....некои кои не ја знаат суштината и едноставноста во  учењето математика.
Не се оптоваруваме со нив и нема да ве оптоваруваме и вас.
Сакаме да ви покажеме дека во математиката ништо не е тешко и несватливо-единствено треба да се најде вистинскиот пат и одбере добриот пријател-наставник,поучувач.
Бидете наши пријатели за учење математика и споделете ја со нас вашата пракса или мислење околу проектите по математика.
Ве очекуваме да ни се придружите и искрено Ве поздравуваме.

4 comments:

Aleksandar said...

naj dobri proekti praame!!!!!! :D :) :D

Anonymous said...

Јас мислам за да изработуваме по убави проекти треба да ни направат посебна просторија само по математика.Така ние ќе се дружиме и ќе учиме повеке.


Aleksandar Cambulev

Dragan said...

Изработката е добра браво

kristijan said...

МНОГУ Е ДОБРА ИЗРАБОТКАТА